Не за тешката индустрија во Кавадарци

Веќе седум дена кавадарчани со свој потпис и поддршка на петицијата против цинкара во Кавадарци, се изјаснуваат против тешката индустрија во нивниот град.

Како што известуваат локланите медиуми дури 6.000 потписи се собрани овие денови. Петицијата ја покрена здружението „Еко живот“ од Кавадарци. Ваквата реакција доаѓа по известување на инвеститорот ИГМ -Трејд Илија од Кавадарци во чиј проект се планира Цинкара - инсталација за топло поцинкување на цевки и други челични производи.

Б. Ј.

 

Please follow and like us: