Твитерџиите со елка од пластични шишиња ќе ги одбележат празниците

Твитерџиите и оваа година, традиционално, ќе организираат настан за правење елка од пластични шишиња. Настанот е предвиден за 22 и 23 декември, сабота и недела.

Според агендата во сабота со почеток од 11 часот до 14 часот собраните шишиња ќе се остават на следните пунктови: Лептокарија, на коцката пред Ревија, влезот на трговскиот центар Беверли Хилс, ТЦ Бисер, Порта Влае, пред Баду и кај Универзална сала.

Во недела со почеток во 11 часот елката ќе се издигне во парк Форум, зад Рекорд.

Настанот е од отворен тип и сите се поканети да се вклучат.

Целта на настанот е да се подигне свеста за рециклирање и намалување на отпадот.

Исто така, тие апелираат да се чуваат празните пластични шишиња периодов, посебно оние од славите, и истите да се донираат на пунктовите.

Секој кој сака да учествува во „китењето” на елката, повеќе информации околу настанот може да најде на Фејсбук и на Твитер.

Б. Ј.

Please follow and like us: