Ставете налепници на тешката индустрија!

Иницијативата „Канцерогено општество“ денеска пред Собранието  со протес  против загадувањето го изрази незадоволството и револтот од немање решение за овој проблем.

„Ставете налепници на тешката индустрија“, „Стоп за труењето на децата – нашата иднина“, и „Наместо велосипед, купивме инхалатор“ беа дел од транспарентите кои ги истакнуваа граѓаните на протестот.

Протестот од Собранието, продолжи пред Владата на Република Македонија. Граѓаните порачаа дека решение мора да се најде и тоа да не биде краткотрајно.

„Нас ни здодеа да бидеме на улици и да ја бараме правдата, но размислете за едно, има деца, мајки трудници, кои дишат. Тие не се уморени, туку се чудат зошто не можат да видат сонце, зошто гледаат само темнила… Болниците се полни со деца“, истакна Христијан Узунов на протестот.

Едни од барањата на граѓаните се веднаш да се свика итна владина седница поради алармантната состојба на квалитетот на воздухот во државата, која ќе вклучува експерти, доктори, еколози, еко-активисти и сите кои реално би помогнале за подобрување на состојбата, а Владата да ги употреби сите потребни средства за справување со проблемот.

Граѓаните се упатуваат кон Владата

На вчерашната прес-конференција, Христијан Узунов, еден од организаторите на протестот, изјави дека тие бараат вклучување на претставници од граѓанскиот сектор во надлежните контроли за големите загадувачи.

„Како главно барање, владата и институциите да престанат со таканаречени решенија кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени. Треба масовно граѓаните да дојдат на протест и секој да придонесе со предлог мерки за надополнување на барањата за почист воздух“, истакна Узунов.

Пред неколку дена, Скопје се најде на првото место во светот како град со најзагаден воздух, индексот на загадувањето беше 430. По Скопје на листата се најдоа Индија, Бангладеш, како и Пакистан и Косово.

Ангела Петровска 
Фотографија: Дамјан Темков

Please follow and like us: