ЦИВИЛ – Центар за слобода организира конференција на тема „Злоупотреба на социјалната правда за изборни цели“ в понеделник, 31 октомври во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Конференцијата е дел од активностите во пилот-проектот „Ветувања и злоупотреби“, кој се занимава со злоупотребата на социјалната правда за политички и изборни цели.
На конференцијата ќе се презентира анализа заснована на наодите на мониторинг тимовите и на ставовите на интервјуираните. Поканети ќе бидат учесниците во проектот, синдикатите, партиите, граѓанските организации и пошироката јавност.
Целта на проектот „Ветувања и злоупотреби“ е да придонесе кон зајакнување на јавната свест за злоупотребите во доменот на социјалната темите во изборен контекст, како и превенција од манипулативните практики на политичките центри на моќ. Проектот се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија во Сараево.
Тимот на ЦИВИЛ Медиа направи видео интервјуа со претставници на политички партии, експерти, граѓански организации и синдикати. Истовремено, мониторинг тимовите на ЦИВИЛ продолжуваат да истражуваат и да објавуваат медиумски содржини кои се однесуваат на изборните злоупотреби. ЦИВИЛ спроведува сеопфатно и долгорочно набљудување на политичкиот процес, состојбите на човековите права и изборите од низа различни аспекти. Со овој проект, се надополнува сликата за злоупотребите на социјалната правда за изборни цели, што е предмет на мониторингот на ЦИВИЛ и во другите проекти посветени на изборниот процес.
Видео интервјуата и нивните транскрипти на македонски, албански и англиски се објавени на онлајн каналите на ЦИВИЛ и слободни се за преземање (Creative Commons 4.0).
#СоцијалнаПравда | #DrejtesiSociale | @CivilMacedonia | @hbs_sarajevo