Викендов, мобилните тимови на ЦИВИЛ, посетија повеќе општини во северо-источна и западна Македонија. На овие посети тие остварија средби со претставници на повеќе политички партии и невладини организации со цел да се соберат информации за состојбите на терен.
Во западна Македонија тимовите на ЦИВИЛ ги посетија општините Тетово и Гостивар, каде покрај средбите со регионалните координатори, претставниците на невладини организации и политички партии, разговараа и со граѓаните и ги информираа за можноста за нивно директно учество во набљудувањето на претстојните изборни процеси.
Во северо-источна Македонија тимовите на ЦИВИЛ ги посетија општините Куманово, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка.
Во Куманово, покрај средбите со граѓаните и граѓанките и делењето флаери, активистите на ЦИВИЛ остварија средби со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, како опозициона партија во локалната власт во оваа општина. Тимот на ЦИВИЛ кој беше во Куманово на средбата со граѓаните доби поплаки за избирачките списоци и за нивната злоупотреба.
Во општините Ранковце и Старо Нагоричане, ЦИВИЛ ги информираше граѓаните за можноста да се пријават како набљудувачи на претстојните избори на 11-ти декември.
Вакви средби со граѓаните и граѓанките ЦИВИЛ оствари и во Крива Паланка, каде кривопаланчани беа информирани за можноста да станат надбљудувачи на изборите, како и за можноста да ги пријавуваат сите нерегуларности и притисоци пред и за време на изборите.
Во Кратово ЦИВИЛ оствари средба за соработка со една од локалните граѓански организации за процесот на мониторирање на претстојните изборни процеси.