Активисти од екипата на ЦИВИЛ – Центар за слобода, напладне пред платото на Универзитетот на ЈЕИ во Скопје, делеа информативни материјали на стотина граѓанки и граѓани, разговараа со сите заинтересирани за тоа како да станат дел од мониторинг тимовите на ЦИВИЛ за изборно набљудување.
Скопјани беа заинтересирани и задоволни што имаат можност да придонесат за спроведување на фер и демократски избори, а притоа, да не се партиски ангажирани.
По закажувањето на изборите на 11-ти декември, ЦИВИЛ ги интензивира своите активности за изборен мониторинг, со цел да се поттикнат граѓан(к)ите да се подигне нивото на граѓанската свест за слободно гласање, без притисоци и влијание од политичките субјекти.
Проектот „Набљудуваме!“ е поддржан од Амбасадата на САД во Македонија.