Education Blog
  • Ballina
  • Aktuale
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • Ballina
  • Aktuale
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home Uncategorized

„Купи ден – помини“ програма на оф-шор патриотите

01/11/2016
in Uncategorized, Слободна Мисла
Share on FacebookShare on Twitter

 

Од еден извонреден македонски филм остана евергрин-фразата за бељата што го снајде еден од ликовите поради стопирањето (кревањето рака) во вторник. Владата на државата од која сите креваат раце (НАТО, и покрај долгиот лет во јатото, ЕУ, комшиите, море, и сопствените граѓани…, скраја да е, Господ?), врз плешките на генерации и генерации паравнуци, кои нема да успеат да избегаат во некоја поасална и попристојна  средина, им натоварува голема беља, секој вторник… Ден за пресипување од шупливо во празно…

sinisa-stankovic-500x333
Пишува: Синиша Станковиќ

Нов успех на Владата! Денес ќе се задолжи со нови 61 милион евра за уште поуспешно, утре да се раздолжи за 50 милиони, а до крајот на неделава и за дополнителни 12 милиони евра. Не знам само, дали и за тоа милионот – фазла долг, Владата следната недела, пак ќе се дозадолжи, или можеби, ќе пуштат срце министрите, па наместо по еден бифтек по кафеанска цена на черек јагне, ќе замезат нешто поскромно, и ќе го соберат милиончето… Сепак, не сум дотолку оптимист (читај: улав) да помислам дека може да бркнат еднаш и во своите џебови, и од сопствените џепарлаци да ја одвојат бараната сума. Патриотизам е патриотизам, ама џебот си е џеб…

Нејсе, по вселенскиот спин за планетарниот успех при „дуинг бизнис“ во Македонија, власта на ВМРО-ДПМНЕ и коалициониот им кардаш – ДУИ (која, нели, „не гледа сојузник во ниту една од македонските партии, туку, единствен сојузник ѝе албанскиот народ!“), постави и нов рекорд! Со нивото на јавниот долг, кој набилдан на безмалку 4,7 милијарди евра, за првпат, достигна 50,6% од  БДП.

Машала!

Според Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и на јавниот долг се должело „на издавањето на еврообврзницата во јули 2016, која е наменета за покривање на буџетскиот дефицит во 2016 и во 2017“. Демек, т’зи дупка не е… Морееее, дупка е, ама ај, да се лажеме, полесно е. „Сечи од задникот, крпи си ги ушите…“, велеа маалските почитувачи на народното творештво, во „кредитните времиња“ на некогашната држава. Која, потоа, крваво се распадна.

Во библиско-барокната Македонија, пак, за само осум години, стопаните ем домаќини, демохристијани кои ептен, нели, ги почитуваат традиционалните православни (добро, делумно и пагански) вредности или муслимани, сеедно – власта на ВМРО-ДПМНЕ&ДУИ, успеа да го триплира јавниот долг, од 1,5 милијарда, на сегашните 4,7 милијарди евра.

Машала!

Колку и надполовичниот неславен рекорд на јавниот долг да е само „ментална бариера“, фактот дека за девет месеци, долгот е зголемен за 532 милиони евра, или во текот на 2016 година, е зголемуван за два милиона евра – дневно(!?), едноставно соблазнува. Дефектот на сопирачките кај бескрајно алчните, братствоединствени, алаш-вериш експерти во власта, им создава мачнина во сé попразните стомаци на обичните смртници. А лекомисленото и неодговорно туркање на Македонија, сé подлабоко во глибот на должничкото ропство, со „купи ден – помини“ – програмата за спас на фотелјите, го доведува во опасност и опстанокот на државата! Но, гајле си немаат оф-шор патриотите, кои со сето срце ќе ја сакаат Македонија и од егзотичните острови на кои им се регистрирани фирмите…

Машала!

Дали некој во власта, опиена со митот за недопирливост и за „владеењето следните 100 години“, ставил прст на чело и се продумал дека „по мене, потоп“ – логиката и хазардерската „кому иде“ – стратегија на „градителите“ од тендер-коалицијата, ги обесмислува сите напори дури и на евентуалните визионери, едуцирани и чесни луѓе со здрава мисла и искрени пориви – да ѝпомогнат на земјата која ја сметаат за Татковина. А такви, можеби и ќе се појават во догледна иднина (по ослободувањето на државава од смртоносниот клинч во кој ја држи организираниот криминал), и тие, можеби и би го вложиле своето знаење, капитал и добри намери – за Македонија евентуално да се спаси од колапсот кон кој се движи со брзина „а ла Диме Спасов“…

За жал, освен можеби, за цинизмот – како последно оружје против бескрупулозните арамии и неспособните политичари, во тажната Македонија одамна нема услови ни за здрав хумор. Велат, кој последен се смее, најслатко се смее, ама, дали тие „последните“, воопшто ќе имаат сенс, ќе знаат ли да се насмеат, онака, од душа? Партијата Народно движење на Македонија, која „во основа се бори за заштита на виталните интереси на народот и државата“, во условите за коалицирање на претстојните избори, веќе го постави условот – воведување на „минимална казна затвор од 10 години за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народниот имот“.

Машала!

Колку граѓани на пљачкосаната Македонија би му аплаудирале на ваквиот предлог?

Некако, ич не е смешно…

Tags: БДПВМРО-ДПМНЕдолжничко ропствоДУИзадолжувањејавен долгоф-шор патриоти
CIVICA
CIVICA
govor
govor
CIVIL
CIVIL
  • CIVILI i Gjelbër
  • PËR Civilin
  • Resurse
  • IMPRESUM
  • KONTAKTI

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • Ballina
  • Aktuale
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW