ЦИВИЛ – Центар за слобода и Караванот на слободата продолжуваат со серијата дебати „Македонија: со или без слобода“. Овој петок, на 11 ноември со почеток во 12 часот во хотел Сити Парк, ќе се одржи дебата на тема „Предизвиците во изборниот процес во Република Македонија“.
На дебатата, покрај експерти, политиколози и претставници на граѓанскиот сектор, преку видео изјави, свое мислење за клучните предизвици со кои се соочува претстојниот изборен процес во земјава ќе дадат и претставници на повеќе политички партии во Македонија.
Дебатата е дел од активностите на Караванот на слободата, кој во изминативе неколку месеци организираше повеќе видови активности во над 40 општини низ целата земја, вклучувајќи концерти, уметнички работилници, поетски и театарски перформанси, како и дебати и дискусии кои опфаќаат различни културни и општествени прашања кои се важни за граѓаните.
Караванот на слободата е патувачки фестивал, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.