Education Blog
  • Aktuale
  • POLITIKA TË GJELBRA
  • EDUKIM
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • Aktuale
  • POLITIKA TË GJELBRA
  • EDUKIM
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home Aktuale

Три месеци по поплавите, граѓан(к)ите сè уште чекаат отштети

07/11/2016
in Aktuale
Share on FacebookShare on Twitter

„Зошто власта бараше ново задолжување од 36 милиони евра? За да исплати отштети кои не ги покриваат ниту најосновните трошоци на санирање на штетите? За да ја намали штетата врз својот рејтинг пред изборите? Или, за да им додели уште една финансиска стимулација на своите фирми, склучувајќи договори во четири очи за санација на инфраструктурата, без распишување на тендер?“, праша активистот Павле Богоевски, на денешната прес- конференција во скопското село Стајковци, три месеци по катастрофалните поплави кои го зафатија скопскиот регион.

dngnd
Павле Богоевски

Причина за одржување на оваа конференција, како што истакна Демијан Хаџи-Ангелковски, креаторот на мапата на поплавените подрачја, е бавната и незадоволителна санација на штетите.

vssg
Демијан Хаџи-Ангелковски

„Саниран е само многу мал процент од штетата, а дополнително, не се отстранети ниту причинителите за катастрофалната поплава што го зафати овој регион. Асфалтирањето е изведено неквалитетно, а исто така, е сомнителен начинот, односно, приоритетот – како да се асфалтираат и санираат улиците. Дополнително, минимална е поправката на обиколницата, а каналската мрежа ниту е исчистена, ниту се изградени нови канали за спречување на поплава, како таа која се случи во август“, посочи Хаџи-Ангеловски.

dnndchnd
Александар Младеновски

„Во овие три месеци, исплатени се помалку од една четвртина од поплавените семејства. Сумите кои се исплаќаат се далеку под висината на реалните штети. Од терен има информации дека оштетите се делат по партиска линија, со цел – ДПМНЕ да го зацврсти своето гласачко јадро во погодените подрачја. Сé уште има семејства кои не биле посетени од Комисијата за процена на штети. Истовремено, исплатата на штетите за земјоделските површини, не е ни започната“, изјави активистот Александар Младеновски, осврнувајќи се на проблемот со покачувањето на крајната цена и достапноста на земјоделските површини, како резултат на големите штети.

IMG_0759

Во изминатиот период ЦИВИЛ постојано укажуваше на потребата да се лоцира одговорност, да се санираат штетите и граѓанките и граѓаните рамноправно да бидат обесштетени. За да не се дозволи повторување на трагичните поплави, ЦИВИЛ организираше и тркалезна маса на која учествуваа експерти кои ги посочија недостатоците во функционирањето на системот. Заклучокот кој произлезе од таа дискусија беше дека се неопходни: промена во легислативата, зајакнување на институционалните капацитети, вложување во научните институции, прифаќање на препораките од независните експерти и изработка на долгорочни анализи врз база на новите состојби на терен.

М. Теговска

Tags: експертиМакедонијапоплавиСтајковциЦивилштети
CIVICA
govor
govor
CIVIL
CIVIL
  • CIVILI i Gjelbër
  • PËR Civilin
  • Resurse
  • IMPRESUM
  • KONTAKTI

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • Aktuale
  • POLITIKA TË GJELBRA
  • EDUKIM
  • Drejtësi sociale
  • Ekologji
  • Qëndrim
  • Analiza
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW