ЦИВИЛ одржа обука за долгорочни набљудувачи

ЦИВИЛ – Центар за слобода одржа семинар за обука на новите долгорочни и мобилни набљудувачи на изборите од цела Македонија. Предавачи на семинарот беа д-р Сашо Орданоски, Владо Чингоски, Надица Величковска, Биљана Јордановска, Петрит Сарачини и Џабир Дерала. 

На семинарот учествуваа и членовите на проектните тимови на ЦИВИЛ, како и дел од долгогодишни соработници и набљудувачи на ЦИВИЛ.

img_3857

Д-р Сашо Орданоски направи една маестрална анализа на состојбите во Република Македонија и говореше за начинот на владеење и на спроведување избори во Република Македонија. Владо Чингоски, адвокат и правен експерт, ги сподели своите искуства и експертизи за изборните кампањи, гласањето, улогата на ДИК и изборните тела.

За искуствата од набљудувањето на изборитеи за злоупотребите на институциите за притисок врз гласачкото тело, говореше Надица Величковска, чија долгогодишна кариера е поврзана со Центарот за социјални грижи во Гостивар, но истовремено е лидерка на организација за правата на жените во состав на женската иницијатива „Антико“.

img_3739

Биљана Јордановска, ЦИВИЛ, ги сподели своите искуства од теренот и ги воведе идните набљудувачи во начините на набљудување. Во меѓувреме, учесничките и учесниците на семинарот пишуваа и говореа за своите искуства и споделија информации за состојбите од општините од каде што доаѓаат.

Петрит Сарачини, ЦИВИЛ, медиумски експерт и граѓански активист, одржа предавање за медиумите, социјалните мрежи и онлајн активизмот.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ, ги водеше учесничките и учесниците низ сите фази и сите аспекти на долгорочното набљудување, говореше за условите и принципите под кои набљудувачите на ЦИВИЛ работат, а особено внимание посвети на неутралноста како принцип на набљудување на изборниот процес, како и во сите останати активности кои подразбираат мониторинг. На ова предавање стана збор и за безбедносните протоколи, тајноста на податоците и заштитата на идентитетот на изворите на информации.

 

Green CIVIL

FREE
VIEW