Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Македонија соочена со омраза и поделеност, наместо сплотена и солидарна!

20/12/2016
in СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Ромите од „Три багреми“ – жртви на изборни манипулации
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на човековата солидарноста, Македонија го пречека со 200.299 невработени. Околу 27.300 домаќинства се редовни корисници на социјална парична помош,зашто живеат на раб на егзистенцијата. Во потрага по подобри услови за живот државата ја напуштија, според евиденцијата на ДИК, 250.695 граѓани, кои времено престојуваат и работат во странство. А, неофицијално околу 600.000 граѓан(к)и поради неостварени елементарни човекови права,  ѝ свртија грб на својата татковина.

Граѓаните се подвоени по сите основи: национална, етничка, религиска, партиска … Се кршат човековите права и слободи на секој чекор.

dsc0471-470x246

Јасмина Стојкоска, тешко го остварува правото на здравствена заштита.

malii-ima-litchna-karta-na-adrsa-od-napuschtna-kua-500x269

Шериф Малиќи не може да го оствари правото на домување.

15608624_10211762739161940_70313600_o-500x333

Мифтар Бајрамоски не може го оствари првото на работа.

 

15645725_1450306278330884_1567906115_n

Сара Сејфула не може да го оствари ни како магистер правото на работа, затоа што е политички неопределена.

Многу граѓани не можат да го остварат правото на глас, зашто се избришани од Избирачкиот список. Македонија се „гуши“ во аерозагадувањето, поради недоследната примена на законската регулатива. Процесот на образование доживува деградација. Стотици граѓани во сите населени места секој месец се евидентираат како новозаболени од канцер и кадриоваскуларни болести, а државата не излегува со стратегија за санирање на состојбите кои го зголемуваат морбидитетот и морталитетот.

Партиската дискриминација при вработувањата, лошите економски услови за живот, неедваквиот третман пред државните институции резултираат со масовно иселување на граѓаните во странството.

Говорот на омраза, повиците на линч на партиски функционери и истакнати политичари се потврда за прогресивниот процес на создавање јаз меѓу граѓаните, и продлабочување на општествено-економската и политичка криза во Македонија. Во име на партиската неказнивост енормно се кршат човековите права и слободи.

Сите овие состојби само говорат дека Македонија, иако членка на ОН од 1993 година, потписник на меѓународни договори за поголеми човекови права и слободи, таа пред прагот на 2017-та е држава, заложник на криминалните политички структури, чии нуспродукти го трујат општеството.

Затоа, токму денеска на Меѓународниот ден на човековата солидарност, ЦИВИЛ повикува да престанат поделбите, омразата, непочитувањето на човековите права и слободи, да се стопира уништувањето на животната средина и општеството во целина! Институциите на земјата, но и политичките актери, да се фокусираат на произведување решенија, а не нови кризи!

Моника Талеска

 

Tags: Ден на човекоска солидарностизбориМакедонијаОН
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW