Битолчани кои живеат во населбата „Баир“, која што е претежно населена со граѓани од ромска националност, биле жртви на изборен поткуп. Како што соопшти МТСП, по извршен увид во домовите на корисници на социјална помош, кои што го пријавиле случајот, констатирано е дека на 3 -ти овој месец, повеќе екипи од една партија, делеле пари на рака, како „подарок“.
„Во Битола при посетата на корисници на социјална помош кои пријавиле партиска активност на политичка партија записнички е констатирано дека активистка од политичка партија делела пари на рака како „подарок“ како противуслуга за глас на изборите и било барано од истите да се потпишуваат на список дека примиле пари.Исто така, констатирано е дека на 3 декември повеќе екипи од политичка партија во ромското маало во Битола на мештаните им нуделе 400 денари, а како противуслуга ги фотографирале со нивните лични карти како ги држат во рака. Покрај овие записнички констатирани факти се укажува на константно и засилено заканување со укинување на социјалната помош, доколку не се гласа за политичка партија”, рече министерката Ташевска-Ременски.
М. Талеска