Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Дерала: Работничките права се непостоечка категорија во Македонија

04/02/2017
in СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Дерала: Работничките права се непостоечка категорија во Македонија
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, со свој претставник учествуваше на конференцијата „Странски инвестиции: Митови и реалност“ во организација на Институтот за општествени и хуманистички науки.

Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, во втората панел-дискусија „Работни услови и работнички права во странските инвестиции“, истакна дека странските инвеститори не се тие кои ги кршат законите, додека власта, од друга страна, ги прилагодува законските мерки  според сопствените потреби и очекувања од странските инвеститори. Со вакви мотиви, според Дерала, власта ги заборава работниците и нивните права.

„Дури и странските инвеститори се жртви на политизацијата на системот, затоа што и кај нив можете да се вработите како партиски член. Како? Зарем му е гајле на странскиот инвеститор кој чиј член е? Не му е, меѓутоа работната сила му ја дава Заводот за вработување, а таму дури и статусот на невработен  е висока привилегија во денешно време“,  рече  Дерала во своето обраќање на конференцијата.

Конференција „Работни услови и работнички права во странските инвестиции“, 2 февруари                    

На конференцијата, која беше посветена и на промоција на студијата „ Вистинската цена на евтината работна сила (Политики за привлекување на странски директни инвестиции во Македонија 2007 -2015)“ на Бранимир Јовановиќ, во двете панел-дискусии се зборуваше за странските инвестиции во земјата од аспект на владините политики на нивно привлекување и работничките услови и почитувањето на работничките права во нив.

ЦИВИЛ – Центар за слобода како организација за човекови права и слободи посветува огромно внимание на социјалната правда и заштита на работничките права во Македонија. За таа цел, објективно информирање на социјалните политики и неправди во земјата, го посвети сајтот greencivil.mk.

 

 

 

 

 

 

 

Tags: Бранимир ЈовановиќИнститут за општествени и хуманистички наукиработнички правастрански инвестицииЏабир Дерала
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW