Марион Краске, директорка на германската Фондацијата „Хајнрих Бел“ – Канцеларија во Сараево, на денешната промоција на публикацијата „Shrinking Spaces in the Western Balkans“, во издание на Фондацијата, зборуваше за делото на Ханјрих Бел (1917-1985), еден од големите најголемите германски писатели, освојувач на Нобеловата награда за литература 1972 година, за активностите на Фондацијата и за важноста на граѓанското општество за развојот на демократијата. Госпоѓа Краске истакна дека Ханјрих Бел денес не е познат само по неговите книжевни дела, туку и по неговите ставови и неговиот ангажман.
„Благодарејќи му на неговиот извонреден пристап, денес разговараме за темите како што се демократизацијата, родовата еднаквост и заштитата на човековата околина“, рече директорката Краске.
Таа ги запозна присутните со работата на Фондацијата која е присутна во над 60 држави во светот и на која главна сфера на интерес ѝ е граѓанското општество. Според Краске, граѓанското општество е круцијален коректив во воспоставувањето на демократијата, а алармантното и недозволиво загрозување на граѓанските активисти од политичари, партии или претставници на религиските заедници, е и причина за објавувањето на публикацијата, во која се поместени трудови за глобалниот феномен на стеснување на просторот за дејствување на актерите на граѓанското општество, кое зема замав и во балканскиот регион,