Во текот на вчерашниот ден, вработените во РЕК „Осломеј“ од Кичево кои биле на работа во втората смена, биле повикани, со организиран превоз со автомобили, да присуствуваат на протестот во Кичево, јавува граѓански новинар кој сака да остане анонимен.
Според граѓанскиот новинар, само неколкумина од вработените останале на своите работни места, а оние кои заминале на протестот подоцна не се вратиле на работа.
Во последните две недели, колку што траат протестите „За заедничка Македонија“, сè почести се притисоците врз вработените како во јавните институции, така и во приватниот сектор.