Граѓански новинар ни испрати видео од настапот на Марианџела Бјанкофиоре, една од учесничките на протестот за чист воздух што во организација на „О2 Коалиција“ се одржа во саботата во Градскиот парк во Скопје.<!–more–>
Говорничката е Италијанка која се омажила и живее во Скопје веќе 12 години, каде како последица од загадениот воздух и е диагностицирана бронхоекстазија.
„Јас веќе четири години секој ден се борам да го исфрлам она што е веќе влезено во моите бели дробови. Тоа останува, нема врска што сега е пролет. Тука ми е! Јас го чувствувам! И боли! Боли кога кашлам, срцето ме боли! И тоа не е метафора“ вели таа.
Текст и видео<strong>: Вулнет Махмути</strong>