Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Потписи за децата со посебни потреби

24/04/2017
in АКТУЕЛНО
Потписи за децата со посебни потреби
Share on FacebookShare on Twitter

По успешно спроведената акција во изминатите четири денови во Скопје, за собирање на потписи за иницијативата со која треба да им се подобрат условите на децата со посебни потреби, од денеска, потписи ќе се собираат и во другите градови во Македонија.

Во текот на вчерашниот ден на плоштадот „Македонија“ во Скопје, колона граѓан(к)и чекаа да се потпишат во отворената книга и на тој начин да ја изразат поддршката на иницијативата, што заедно со 10.000 потписи, треба да се достави до Собранието, каде ќе се побараат законски измени и дополнувања со кои треба да им се подобри животот на децата со посебни потреби.

Денеска се отворени книгите за потписи на градските плоштади во Штип и Битола, како и на Филозофскиот факултет во Скопје.

Од утре, потписи ќе се собираат и во Прилеп, Охрид, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Неготино. Во секој од овие градови, отворените книги ќе бидат поставени во централното градско подрачје.

Утре, во Скопје граѓан(к)ите ќе можат да се потпишат во Ресурсниот центар на родители на деца со посебни потреби, на ул. „Васко Каранѓелески“, бр.33, од 10 до 15 часот.

Претходните денови, потписи во Скопје се собираа во „Жена борец“, каде семејствата на децата со посебни потреби поставија шатори. Тие бараат да се донесе нов закон за децата со посебни потреби и сет мерки, коишто опфаќаат институционална грижа, правилна дијагностика, едуцирани кадри за лекување и соодветена терапија во подобри установи, а секако и бенефити за семејствата што ќе овозможат повисок стандард и поквалитетна грижа за децата.

М. Теговска

Tags: деца со посебни потреебизаконски изменииницијативародителисобирање потписиСобраниеСплотени срца
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW