Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Груевски: Битола е мртов град!

25/05/2017
in АКТУЕЛНО
Тетово: Граѓанинот нема никакви права, ваква Македонија не оди напред!
Share on FacebookShare on Twitter

„Луѓето кои живеат во овој град и го сочинуваат градот или му ја даваат душата на градот, всушност, се еколошки мртовци, односно луѓе кои немаат поим што значи да си ја чуваш животната средина. Тоа е исто како, со извинување, да уринирате во дневната соба додека гледате телевизија“, изјави Душко Груевски од граѓанската организација „За нас работи“ во разговорот со ЦИВИЛ Медиа.

Во Битола во континуитет најголем загадувач е РЕК Битола. Во голем процент, во зимскиот период и загревањето на домаќинствата, според нашиот соговорник, ја загадува Битола, на сметка на неостварените ветувања за централно греење на домовите кои никогаш не се остваруваат, а секогаш се во програмите на политичките партии.

Прва работа за која луѓето не се свесни е токму загадениот воздух и загадената животна средина. Како што вели Груевски, „За нас се работи“ најмногу време посветува токму на проблемот со загадувањето, бидејќи нема решение преку ноќ, а со цел – потикунување на граѓаните да се борат за своите права и за јакнење на свеста за секојдневните проблеми со кои Битола се соочува.

Освен за екологијата, со Груевски зборувавме и за социјалната правда и за тажниот премин на Битола – од индустриски град во „град во кој се преживува, а не живее!“

„Честопати, сега, во последно време, во Битола, ќе слушнете, добро е имаме во фрижидерот нешто за јадење, сметките ги плаќаме навремено, и фала му на Бога, живееме некако“, изјави Груевски за ЦИВИЛ Медиа.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Маја Ивановска


Разговорот е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Цел на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.

Tags: аерозагадувањеБитолаДушко ГруевскиекологијапреживувањеРЕК Битолатоплификација
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW