ЦИВИЛ Медиа разговараше со Зизо Љамковски, претставник на ресенското здружение „Изида“, кое ги застапува правата на заедницата на Египќаните, за социјалната и политичката состојба на Египќаните во Македонија, и за предизвиците со кои тие се соочуваат во мала општина како Ресен.
„Денеска заедницата на балканските Египќани нема своја политичка партија која ќе ги претставува пред јавноста и ќе се бори за нивните права, како на локално, така и на централно ниво. Единствена организирана форма се граѓанските организации, за жал, со низок капацитет, без многу можности за подобрување на социјалниот статус на балканските Египќани“, изјави Љамковски.
Процесите на јавна презентација на египетскиот идентитет започнале во 1970 година со првите обиди да има посебна категорија за “Egipkjani” (Египќани), во пописот во поранешна Југославија. Од 1991, заедницата на балканските Египќани во Уставот на суверена Република Македонија, се водат под категоријата „други“, и до денеска се борат за признание и препознавање, како една од многуте етнички заедници во Македонија и на Балканот.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска
Интервјуто е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за „Граѓанската повелба“, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.
This post is also available in: English