Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Неопходно е поголемо образование и заштита на лицата со посебни потреби

06/05/2017
in АКТУЕЛНО
Неопходно е поголемо образование и заштита на лицата со посебни потреби
Share on FacebookShare on Twitter

Околу 54 отсто од лицата со посебни потреби имаат завршено само основно образование, а 20% се со непотполно средно образование. Ваквата структура на образовни квалификации, во која три четвртини од невработените лица со посебни потреби имаат исклучително низок степен на образование, алармира на итна потреба од преземање на системски мерки за справување со овој проблем. Ова се дел од заклучоците на национална конференција „Унапредување на механизмите за спречување и заштита од дискриминација на лицата со посебни потреби во Македонија“, што денеска се одржа во Скопје.

 

Благица Димитровска, „Инклузива“

Благица Димитровска, претседателка на граѓанското здружение „Инклузива“ од Куманово, на конференцијата зборуваше од своето лично искуство, како мајка на 33-годишен син со комбинирани пречки во развојот.

„Досега сè уште не му е одземена деловната способност, затоа што не сакам моето дете да биде прогласено за неважечка личност во оваа држава и сметам дека во некои работи, тој е деловно способен. Но, по смртта на родителите, по автоматизам ќе му се одземе деловната способност, за да ја наследи пензијата од родителите, инаку нема каде да живее“, изјави Димитровска за ЦИВИЛ Медиа.

Ја акцентираше потребата од рана детекција, регистар на пол, возраст и инвалидитет на лица со хендикеп. Проблем е, според неа, и тоа што има само поддршка за згрижувачките семејства, а не и за биолошкото семејство и дека многу од родителите решаваат своите деца да ги сместат во институции. Според Димитровска, потребни се измени во здравствената заштита на овие лица, бидејќи, човекот ако не е здрав, не може да се вработи, ниту пак, да го издржува своето семејство. Таа е загрижена за тоа што ќе се случи со нејзиниот син по нејзината смрт. Досегашните истражувања на „Инклузива“, покажуваат дека постојат повеќе проблеми во начинот на којшто институциите се однесуваат кон лицата со посебни потреби.

Инаку, конференцијата е дел од проектот „Градење капацитети на организации за помош на лица со посебни потреби во Република Македонија“, а во организација на Фондацијата за одржлив економски развој „Преда Плус“ и во соработка со Здружението на студенти и младинци со хендикеп. Проектот се спроведува од ноември 2015 година.

Марија Теговска

Tags: Здружение на студенти и младинци со хендикепинституцииконференцијалица со посебни потребиниско образовно нивоПреда Плус
CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW