ЦИВИЛ – Центар за слобода бележи голем интерес и поддршка за Граѓанската повелба и за проектот Општество без граници и во Штип.
На инфо – штандот што беше поставен на градскиот плоштад во Штип во средата, на 10 мај, граѓанките и граѓаните, имаа можност да се запознаат со заложбите на ЦИВИЛ и со содржината на „Граѓанската повелба“ како глобален документ за унапредување на човековите права и активното учество на граѓан(к)ите во процесот на одлучување.
Тимот на ЦИВИЛ беше на располагање за сите прашања на граѓанките и граѓаните, но и на локалните медиуми присутни на прес-конференцијата.
Сите заинтересирани граѓанки и граѓани на Штип имаа можност и да ја потпишат петицијата за поддршка на „Граѓанската повелба“ и да ја поддржат преку фото или видео петиција.
На темите социјална правда и екологија, екипата на ЦИВИЛ Медиа направи анкета меѓу граѓанките и граѓаните, а се одржаа средби и со претставници на граѓанското општество, со кои се разговараше за заедничка промоција и за поддршка на Повелбата.
Проектот „Општество без граници“, ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата „Heinrich Böll“ – канцеларија Сараево.
This post is also available in: English