За текстилните работници во Источна Македонија утре ќе биде работен ден, и нема да одмораат на државниот празник, по повод Денот на Светите Кирил и Методиј, испрати вест за порталот clp.mk, граѓанска новинарка од овој регион.
„Среќен утрешен празник на сите што имаат привилегија да го слават. Текстилците ја немаат таа среќа. Никој не ни спомна дека утре е празник, туку се подразбира дека сме на работа. Меѓутоа, има еден проблем, има мајки со мали деца кои немаат кому да ги остават, бидејќи градинките, како и сите буџетски фирми, нема да работат. Се праша ли некој – што во таква ситуација? Многу е веројатно дека утре ќе ни биде забрането и да се ‘чекираме’, па наместо празнична ‘надница’, нема да имаме никаква!“, пишува граѓанската новинарка.