На конференцијата „Општество без граници“ во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Дарко Димовски изјави дека стратегијата за враќање на синдикатите во функција веќе е во тек и дека до вонредниот конгрес на Сојузот на синдикатите на Македонија, тој останува технички претседател на ССМ.
„Утрово бевме кај министерката Мила Царовска и алармиравме дека престанува Колективниот договор за стопанството, односно за приватниот сектор. И понудивме соработка, односно, да не ги игра игрите на Живко Митревски, кој се обидува да ја замајува со некои предлог – закончиња што се многу небитни во овој период“, изјави Димовски.
Камера: Дехран Муратов и Атанас Петровски
Монтажа: Ермин Климента
Изјавата/излагањето е дел од проектот „Општество без граници“, што ЦИВИЛ – Центар за слобода го спроведува со поддршка од германската Фондација „Хајнрих Бел“. Целта на проектот е промовирање и едукација на граѓанките и граѓаните на Македонија за Граѓанската повелба, глобален документ за унапредување на граѓанските права и на активното учество на граѓаните во процесите на одлучување.