Претседателот на Советот на Општина Дојран, Ташко Дуљанов, свика вонредна седница, по барање на тројцата советници од СДСМ. На седницата ќе се одлучува дали прашањето за рудникот „Казандол“ ќе влезе како второ прашање на референдумот што ќе се одржи во Дојран на 23 јули.
Минатата недела, Советот на Општина Дојран реши референдумот да се одржи на 23 јули со едно прашање: „Дали сте за или против отворање на рудници за металични минерални суровини на територија на Општина Дојран?“. Иако советниците и градоначалникот не сакаа да коментираат зошто нема прашање за рудникот „Казандол“, сепак, по два дена се предомислија и побараа вонредна седница.
Референдумот во Дојран требаше да се одржи на 18 јуни, но беше одложен поради тоа што градоначалникот на Дојран, Борче Стамов, не ја потпишал одлуката на Советот за референдумско изјаснување на граѓан(к)ите,
Успешниот референдум во Богданци каде 60,78%, или 4.205 од вкупно 6.918 регистрирани гласачи во Општината, рекоа – НЕ за рудниците, резултираше со повлекување на одобрението на Општината дадено за рудникот во Казандол.