Граѓанската иницијатива „5 до 12“, денеска со почеток во 18 часот, во паркот „Жена борец“ организира мултимедијален инклузивен хепенинг „Можеме! Знаеме! Умееме!“, со цел изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикеп или посебни потреби.
Од граѓанската иницијатива „5 до 12“ повикуваат сите заеднички да се заложиме за остварување на правата на овие лица и со тоа да покажеме дека сите сме еднакви и рамноправни.
Организаторите, како што е најавено, на настанот ќе ги објават барањата за интервенции во постоечките законски и подзаконски акти, вклучително и нови законски акти кои се однесуваат на децата и лицата со посебни потреби.