ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од проектот „Акција – Интеграција“, организира фокус групи со цел да ги идентификува потребите и предизвиците на граѓанките и граѓаните во разбирањето на европските вредности и интеграциски процеси во Европската Унија, како и јакнење на свеста за граѓанското учество во демоктратските реформи.
Веќе се одржаа фокус групи во Скопје и Велес. Денеска ЦИВИЛ ќе одржи фокус група и во Гостивар, а според програмата предвидена е фокус група и во Штип.
Во двочасовните фокус групи ќе бидат поканети претставници на граѓанското општество, медиумите, локалните власти, политичките партии и лидерите во заедниците. Нивното учество ќе биде наградено со скромни хонорари во висина од 600 денари.
Проектот се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел и ќе трае до крајот на октомври годинава.
This post is also available in: Albanian