Здружението „Кумановски акцијаши“ ќе избира Најдобро еко-семејство. Конкурсот е електронски, а ќе трае до 30 април. Како што соопшти претседателот на здружението Јусуф Љатифи, досега се пријавиле две семејства.
Конкурсот е во рамки на годинашниот проект „Зелено Куманово“ чија цел е поттикнување на еколошките активности на граѓаните и подигање на еколошката свест. Може да учествуваат семејства со индивидуални дворови.
– Опфатени ќе бидат само семејствата со индивидуални дворови кои во континутет од мај до декември водат грижа за својот двор и за делот што го зафаќа дворот од улицата, а повремено се приклучуваат и на еколошки акции, изјави Љатифи.
Наградените ќе бидат објавени во јануари, наредната година. Посебна комисија во која ќе има претставници од локални институции ќе доделува награди и знаменца. Наградите се викедни во туристички центри во Македонија.
„Кумановски акцијаши“ првпат ја организира активноста, а надлежните очекуваат петнаесетина семејства да учествуваат во натпреварувањето и бројката наредните години да биде поголема.
Извор: МИА