Водата е од суштинско значење
Пристапот до вода и санитација е предуслов за живот и е прогласен за човеково право. Водата е од витално значење за одржливиот развој – од здравјето и исхраната, па сé до родовата еднаквост и економијата. Во текот на наредните години, нашите предизвици поврзани со водата ќе станат уште поитни. Зголемените барања на растечкото население и на глобалната економија која брзо се развива, заедно со ефектите од климатските промени, уште повеќе ќе го влошат пристапот до вода и санитација за домашна употреба. Всушност, многу експерти тврдат дека непредвидливото снабдување со вода може да го спречи социо-економскиот напредок во иднината.
Со цел да се забрзаат напорите за да се одговори на предизвиците поврзави со водата, Генералното Собрание на Обединетите Нации ја прогласија декадата 2018-2028 како Меѓународна декада за акција “Вода и одржлив развој“. Декадата на акција за вода ќе започне на Светскиот ден на водата, 22 март, 2018 година, а ќе заврши на Светскиот ден на водата, 22 март, 2028 година.
#СекојаКапка е значајна
Целите на Декадата се насочени кон одржливиот развој и интегрираното управување со водените ресурси за постигнување на социјалните, економските цели и целите поврзани со животната средина и кон спроведувањето и унапредувањето на соодветни програми и проекти, како и кон понатамошно продолжување на соработката и партнерството на сите нивоа за да се помогне во постигнувањето на меѓународно договорените цели поврзани со водата, вклучувајќи ги оние кои се содржани во Агендата за одржлив развој 2030. Декадата, исто така, ја истакнува важноста од поттикнување ефикасно користење на водата на сите нивоа, земајќи ја во предвид спрегата на водата, храната, енергијата и животната средина; и го нагласува значењето на учеството и целосната вклученост на сите релевантни засегнати страни, вклучувајќи ги жените, децата, младите, повозрасните лица, лицата со посебни потреби, домородните народи и локалните заедници.
Преземи акција
Помогнете да инспирирате акција за остварување на Агенда 2030 со приклучување кон илјадници луѓе на Светскиот ден на водата (22 март) и Светскиот ден на тоалетите (19 ноември) за подигнување на свеста за кризата со водата и санитацијата и за вршење јавен притисок за промени.
Дознајте за важноста од унапредувањето на одржливиот развој со читање на најновите прилози од целиот свет за тоа што прават земјите и организациите за решавање на глобалната криза со водата. Ова ќе ви помогне подобро да разберете што се случува како и да се обликува дебатата.
Помогнете да се засили имплементацијата на постоечката работа по пат на споделување приказни и информации преку вашите социјални мрежи. Ширењето знаење и докази ќе ви помогне вам и на други да ја подигнете свста за напредокот, како и да се бара одговорност од избраните претставници.
Извор: Обединети нации