Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Аргументи против геоинженерингот

25/06/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Аргументи против геоинженерингот
Share on FacebookShare on Twitter

По усвојувањето на „Well below 2 ◦C“(Многу под 2 степени Целзиусови“ со Парискиот договор од 2015 година, како меѓународна цел за ограничување на глобалното затоплување, геоинженерството сé повеќе се промовира како технолошко средство за дејствување против климатските промени и нивните влијанија.

Хајнрих Бел Фондацијата отвори веб досие посветено на геоинженерството во однос на човековите права, домородните и правата на заедниците, мирот, демократијата, биодиверзитетот и интегритетот на екосистемот и обезбедување на храна за сите.

Како резултат на истражувањата во областа геоинженерството, Хајнрих Бел Фондацијата го објавува извештајот „Big Bad Fix“ како компаративна анализа која им обезбедува на креаторите на политиките , новинарите, граѓанските активисти, граѓанските иницијативи и движења, како и на останатите засегнати страни еден сеопфатен преглед на клучните актери, технологии и форуми кои се релевантни во дискурсот на геоинженерството. Односно, обезбедува солидна анализа за основата и историјата на геоинеженерството, различните лични интереси кои го обликуваат и студии за некои од најважните технологии и експерименти.

Студијата повикува на итна забрана на распоредувањето и надворешното тестирање на технологии за управување со соларното зрачење за нивниот потенцијал да ги ограничи човековите права, демократијата и меѓународниот мир. Исто така, со се залага за владеење на геоинеженерство кое е партиципативно и транспарентно, засновано на меѓународно право, изградено врз основа на принципот на претпазливост и праведни климатски политики и практики.

Тоа е повик за акција за движење за сите движења да се обединат и да се спротивстават на геоинженерството како технофикс за климатските промени и како закана за светскиот мир, демократија и човекови права.

Поимот геоинженерство вклучува широк спектар на технологии кои се насочени кон рефлектирање на сончевата светлина назад во вселената или отстранување на јаглерод диоксидот од атмосферата. Во принцип геоинженерингот, се смета за голема манипулација со природните системи на Земјата, кој сè повеќе се презентира како стратегија за спречување, разредување или одложување на климатските промени.

Повеќе информации можат да се најдат на веб сајтот на Хајрих Бел Фондацијата.

Б. Јордановска

This post is also available in: AlbanianEnglish

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW