Во меѓувреме на Фејсбук, Групата на здравствениот срам, упати повик да сите заинтересирани граѓанки и граѓани да се организираат и заеднички да го исчистат дворот на Клинички центар.
„Да организираме настан во кој ќе се собереме и сите заедно доколку од Клинички не можат да се справат сами ќе го чистиме во денови што ќе ги договориме. Еве и јавен повик до одговорните доколку ви треба помош да го исчистите ѓубрето ќе ви помогнеме, само да не го гледаме тој срам и да не дозволиме странци да ни го чистат“, се вели во нивниот повик.
Немаме информации колку луѓе до сега се пријавиле, но судејќи по коментарите, граѓанките и граѓаните сметаат дека вината е на директорот на Клинички центар и одговорноста е нивна, како и на останатите институции што можат да помогнат во решавање на овој проблем.
И покрај акциите на чистење, најголемиот проблем, сепак, останува во свеста на граѓан(к)ите во зачувување и заштита на животната средина и јавните површини што се од сечиј интерес.