Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

Димитриевски: Куманово не е имуно на урбанистичкиот хаос

28/08/2018
in АКТУЕЛНО, ЕКОЛОГИЈА
Димитриевски: Куманово не е имуно на урбанистичкиот хаос
Share on FacebookShare on Twitter

„Со оглед дека се стремиме кон Европа, нормално е да ги почитуваме европските вредности, заемното почитување, елементарните човекови права, правата на сите заедници… тоа е иднината, не само на Куманово и Македонија, туку и во регионот. Мојата желба е еден ден Куманово да биде реално и вистински, европски град“, изјави Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово, во разговор со ЦИВИЛ Медиа за европските вредности, демократските реформи и зелените иницијативи.

Градоначалникот самиот одлучи разговорот да го водиме на отворено, на плоштадот, кој до неодамна и покрај зелените површини, не беше уреден со клупи и канти за отпадоци.

„Во минатото имавме зелена култура, садевме нови садници, пошумувавме, се грижевме за загадувањето… но, сега состојбата е поинаква и ќе се обидеме во овој период да го промениме тоа. Почнавме со реализација на проектот „Засади живот за живот“. Секое новороденче во Куманово, добива една садница и неговото  семејство ја негува таа садница, како што го негува новороденчето.

Спроведуваме еколошки акции, чистење на  диви депонии, озеленување со нови зелени површини… Морам да констатирам дека културата ни е на многу ниско ниво и ќе мора да направиме многу повеќе во делот на едукација. Онаа што го имаме да го сочуваме бидејќи човекот е најголемиот загадувач во општеството, да се обидеме тоа да го сведеме на минимум, а културата да ја издигнеме на највисоко ниво. Општината, пак, да постави доволно урбана опрема, како што денеска седиме, оваа канта што ја гледаме зад нас, да биде полна со отпадоци, но не и околу неа… Исто така, ќе се обидеме да ги одржиме чисти речните корита, да го намалиме загадувањето…“, истакна Димитриевски зборувајќи за степенот на еколошка култура и свесност и промените што се потребни за одржување и заштита на животната средина.

Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово

„Владее сеопшт урбанистички хаос на кој ни Куманово не е имуно. Се проектира без план. Донесовме неколку одлуки со Советот на мој предлог со што го намаливме коефициентот на изградба при градење на колективни живеалишта, станбени згради, да не може да помине повеќе од 50 проценти од вкупната површина. Тоа значи, ако има илјада квадратни метри парцела, можете да изградите со маркица од 500 квадратни метри во основа со дозволена висина, а останатите да ги уредите во зелена површина, дворно место, игралиште… едноставно сакаме да го вратиме она што беше во минатото“, изјави Димитриевски.

Со градоначалникот зборувавме и за меѓуетничките односи и колку тие влијаат на градење култура на заедништво околу исти потреби, вклучително и на план на екологијата и заштитата на животната средина како заедничко добро.

„Развојот на еколошката свест сите ние го стекнуваме од најмали години и тоа е елемент на домашното воспитување, а подоцна и во делот на дополнителната едукација во образовниот процес каде што во училиштата би требало да не учат како ние како граѓани одговорно да се однесуваме и да ја подигнеме свеста на еколошката култура. Но, и на чувството за зедништво, она што е јавно дека ни припаѓа нам. Куманово како мултиетничка средина без разлика на сите тестови во минатото и сите искушенија на кои што бевме ставени го надмина тоа и граѓаните сакаат да живеат заедно без разлика која на која етничка структура припаѓа… “, истакна Димитриевски.

Димитриевски преку секојдневна комуникација со сите граѓани во Куманово, независно од етничката, верската или политичката припадност се надева дека ќе успее да им покаже дека треба да учиме едни од други се повеќе за да го вратиме онаа ниво на однос кој бил во минатото меѓу нашите предци.

Разговорот е дел од проектот „Акција – интеграција“  што ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија, посветен на промоција на европските и зелените вредности, демократските вредности и антинационализмот.

Биљана Јордановска

Фотографии: Маја Ивановска

This post is also available in: English

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW