Чиста животна средина е апел кој секојдневно се упатува почнувајќи од екологистите, преку институциите, но најмногу од граѓанките и граѓаните што имаат развиена свест за заштита на природата и просторот на кој живеат.
Но, кога се бара виновникот зошто уште мака мачиме со загадувањето, дивите депонии, и најосновното секојдневно фрлање на отпадокот покрај контејнерите, наместо во нив, Ајдин Шерифи, чаирчанец, кој работи во комунално претпријатие вели самите сме виновни за нечистотијата.
„Само што ќе завршиме една акција, да речеме чистење на дивите депонии, нема да помине ден два истата слика ја гледаш од претходно. Комплет нови контејнери поставивме, имавме акција за перење на местата кај што стојат контејнерите. За два три дена пак ќе биде исто. А кој е виновен за тоа? Самите сме виновни за тоа. Треба да имаме свест дека навистина не треба да се фрла отпадоци, секакви работи на секаде. Има место и услови кај да фрламе и треба да ги користиме тие бенефиции што ни се дадени“, изјави Шерифи.
Изјавата на Ајдин Шерифи е дел од проектот „Акција -Интергација“ што ЦИВИЛ го спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
This post is also available in: English