ЦИВИЛ продолжува со серијата состаноци и работилници на тема „Каква Македонија сакам?“ во рамките на проектот Акција – Интеграција во што ќе се одржи во хотел Сити Парк на 9 август, во периодот од 13 до 17:30. Се работи за нов формат на работа со претставниците на граѓанското општество и конституентите, така што учесничките и учесниците на работилницата сами го одредуваат точниот термин за учество во работилницата во рамките на дадениот период. Воедно, тие ќе бидат поканети да дадете и изјави или интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ, во времетраење од 5 до 15 минути, веднаш по терминот за состанок што ќе го одберат.
Акција – Интеграција е проект за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за можностите за граѓанско учество во демократските реформи на локално и национално ниво.
Понатаму, посебно внимание ќе се посвети на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските и зелените вредности, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.
Покана за учество на оваа работилница ќе им биде испратена на претставници на граѓанските организации, зелените иницијативи, активисти и заинтересирани граѓанки и граѓани.
Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен за поединечни средби и разговори и по завршувањето на работилницата, а ќе одржи состаноци и со претставници на власта и институциите на локално и национално ниво. Исто така, организацијата е отворена за разговори и со политичките партии заинтересирани за темите во овој проект.
This post is also available in: Albanian