Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија распиша тендер за хортикултурно одржување и уредување на објектите на државната управа со вредност од 41 милион денари (околу 670.000 евра), пренесува Слободен Печат.
Главен критериум за добивање на тендерот е најниската понудена цена, а услови за кандидатите што ќе се пријават на конкурсот е да имаат минимум 7 милиони денари вкупни приходи во последните три години (2015, 2016 и 2017 година). Тендерот ќе се доделува по пат на електронска аукција.
За потсетување, своевремено, за 10-минутна посета на Никола Груевски на објектот Мала Станица во 2006 година, оваа институција потроши над илјада евра за цвеќиња кои се поставија од двете страни на црвениот тепих што беше поставен на влезот.
М. Л.