Пристигна реакцијата на градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Тој на денешната прес конференција изјави дека е на страната на граѓаните во врска со изградбата на објект кај Мајчин дом.
„Заедно ја почнавме битката за зеленилото и ред во урбанистичкото планирање, заедно и ќе ја продолжиме“, рече тој на денешната прес-конференција во Општина Аеродром.
Тој посочи дека претходното раководство на Општина Аеродром го донесе ДУП И10 ненајавено и без дебата. Ваквото постапување предизвика бурни реакции во јавноста, а тој лично тогаш ги поддржа жителите на Аеродром во борбата против пренамена на земјиштето пред Мајчин дом од зона Д1 во зона А2 (станбено домување). Исто така, во последната година, рече градоначалникот, се доставени се 13 претставки до Уставниот суд против ДУП И10.Општина Аеродром во меѓувреме ги достави сите потребни документи до судот, кој до денес нема донесено никаква одлука. Уставниот суд ниту го стави на мирување ниту го поништи ДУП И10.
Ставот на градоначалникот Марин за ова прашање останува непроменет – зграда пред Мајчин дом не треба да има. Токму затоа, откако стапи на функцијата градоначалник, направена е интерна ревизија за ДУП И10.
„Ги поддржувам граѓаните да излезат и јасно да го кажат својот став во однос на изградбата на зградата пред Мајчин дом. Јас сум тука за нив, на нивна страна, ги поддржувам целосно и заедно ќе продолжиме“, рече Марин.
На прес-конференцијата градоначалникот најави формирање на Совет за урбанизам во рамките на Советот на Општина Аеродром, во кој ќе има претставници од граѓанските организации, како и експерти од областа на урбанизмот. Овој Совет ќе има клучна улога во урбанистичкото планирање на Општината и ќе претставува алатка преку која заеднички ќе се штитат интересите на жителите на Аеродром.
ЦИВИЛ денеска објави соопштение под наслов ИГНОРИРАЊЕТО НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ МОРА ДА ПРЕСТАНЕ! во кое ја изрази својата поддршка на протестот на граѓанките и граѓаните на општина Аеродром. Неодамна, Зелен ЦИВИЛ објави интервју со градоначалникот Марин во кое тој говореше за своите „зелени“ заложби.
Денешното соопштение на ЦИВИЛ е достапно на следните линкови: