Бугарија воведе драстични мерки за намалување на загадениот воздух во земјата. Имено, властите одлучија дека следува казна од 2.500 до 5.000 евра за градоначалниците доколку анализите покажат дека воздухот во нивната општина е загаден над дозволеното.
Според Законот за чистота на атмосферскиот воздух градоначалниците имаат рок од една година да го намалат загадувањето. Казни следуваат и за домаќинствата што користат несоодветен материјал за греење.
Се поставува прашањето, колку оваа мерка е применлива да речеме, во Македонија, и дали воопшто ќе биде ефективна. Како ќе се одрази на буџетот, што во принцип, за жал, секогаш е најважно за надлежните органи, и колку самите избраници ќе покажат добра волја со оглед на санкциите? Битниот фактор дека се работи за здравјето и поквалитетен живот на граѓаните по изгледа ќе остане второстепен.
Ц. М.