Тркалезната маса на тема „Национални и ЕУ регулативи и политики со импликации на фрлањето храна: Имаме ли потреба од нов Закон против фрлање храна или имаме потреба од промена на постоечките Закони?” во организација на здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ ќе се одржи во ЕУ Инфоцентар на 19 октомври со почеток во 10:30 часот.
На настанот ќе бидат презентирани резултатите од анализата на македонското и европско законодавство и практики посветени на фрлањето храна, вишоците храна, сигурноста и безбедноста на храната.
Целта на тркалезната маса е да се разгледа можноста за носење или измена на сегашната законска рамка со цел да се поттикне помалку фрлена храна, а повеќе донации на вишок храна и едновремено да се гарантира безбедноста на донираните вишоци храна.
Анализата е подготвена од „Македонско здружение на млади правници“.
Настанот се организара со финансиска поддршка на ЕУ и дел од првиот колективен постапувач „Пакомак“. Банката за храна Македонија, настанот го организира во партнерство со Организација на жени, Струмица, Словенската банка за храна и Европската федерација на банки за храна.