ЦИВИЛ -Центар за слобода организира двочасовна работилница „Каква Македонија сакам?“ во рамките на проектот Акција – Интеграција што ќе се одржи во хотел Опера Хаус (зад Универзитетска библиотека, на Адвокатска улица) во Скопје, во вторник, 30 октомври, со почеток во 13 часот.
Акција – Интеграција е проект за поддршка на демократските реформи, граѓанското учество, зелените иницијативи и европските вредности во Република Македонија.
На работилницата ќе биде презентиран проектот на ЦИВИЛ кој се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија. Во работниот дел на овој настан, ќе се отвори дискусија за можностите за граѓанско учество во демократските реформи на локално и национално ниво. Понатаму, посебно внимание ќе се посвети на зелените иницијативи и стратегии, како и на прашањата поврзани со промоцијата и практикувањето на европските вредности и зелените алтернативи, во пресрет на процесите за интеграција на Македонија во ЕУ.
На оваа работилница се поканети да учествуваат на претставници на граѓанските организации, зелените иницијативи, политичките партии, медиуми, активисти и заинтересирани граѓанки и граѓани.
Тимот на ЦИВИЛ ќе биде достапен за поединечни средби и разговори и по завршувањето на работилницата.
This post is also available in: Albanian