ЦИВИЛ организираше работилница „Каква Македонија сакам?“, како дел од проектот „Акција-Интеграција“, во Скопје на кој присуствуваа претставници на граѓанското општество и заинтересирани граѓанки и граѓани.
На работилницата беа презентирани целите на проектот како поддршка и промоција на европските вредности и зелените алтернативи.
Акцент и на оваа работилница беше потребата да се разбере и дејствува во единство, во насока на зелените алтернативи, демократските реформи и антинационализмот. Учесниците во работилницата споделија свои видувања и идеи пред сè во насока на граѓанското учество и донесувањето на одлуки на локално и национално ниво.
Исто така, присутните имаа можност да ги споделат проблемите со кои секојдневно се соочуваат во контекст на еколошките прашања.
ЦИВИЛ го спроведува проектот Акција – Интеграција во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел од Германија.
This post is also available in: English