На денешната јавна расправа за за загадувањето на воздухот, на повик на Комисија за транспорт, врски и екологија, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, изјави дека треба да се влезе во домовите и на семејствата да им се објасни дека некои енергенси се опасни и придонесуваат кон загадување на воздухот.
„Да влеземе во домовите и да им кажеме на семејствата дека одделни енергенси им штетат на нивните деца. Немојте да ми кажете дека некој повеќе ја сака мојата ќерка и ви велам дека воздухот ќе биде чист“, изјави Макрадули.
Макрадули истакна дека една од мерките ќе биде и замената на нафтата со природен гас.
„Ќе почнеме со институциите, училиштата, домовите. На 1.000 семејства ќе им се помогне да го променат начинот на загревање. Ќе се набават 20.000 конвертори за семејства во Скопје, Тетово…“, рече Макрадули.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја покренаа јавната расправа на тема: „Енормно загадување на амбиентниот воздух“ понудија 19 мерки за подобрување на состојбата.
Во меѓувреме, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, го снимаа како се забавува со игри на мобилен телефон, додека збори пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.
Б. Ј.