По алармот за зголемен број кучиња бездомници во Тетово, засега непознати лица се одлучиле за најгроморозниот начин на решање на проблемот. На различни делови на градот, на улица лежат мртви кучиња со знаци што укажуваат дека истите биле отруени. Реакции има и по социалните мрежи.
Освен за судбината на кучињата, граѓаните се грижат и за опасноста од појава на заразни болести. Оваа појава доаѓа во недостиг на институционални решенија за бездомните кучиња. Засега нема никаква реакција од надлежните во Оппштина Тетово, а редакцијата на ЦИВИЛ Медиа утре ќе бара објаснување од локалната власт.
Оваа не е прв пат ниту за Тетово, а ниту за другите градови да се трујат кучиња бездомници.
А. Зеќири