Според индексот за квалитет на воздухот во Македонија вчера најзагадени градови беа Куманово, Струмица и Битола, покрај Скопје кој секогаш високо котира на индексот за загаденост.
Дозволената граница на ПМ10 честичките изнесува 50 микрограми на метар кубен.
Изутринава висока концентрација на ПМ10 честичките има на три локации во Скопје, а со средно висока во Куманово, Миладиновци, Бутел, Битола, Тетово, Кочани и Каварадци. Индексот за квалитет на воздухот се ажурира на секој час.
С.Т.