Во саботата, 17 ноември, пред Инспекторатот на Град Скопје е најавен протест за чист воздух со почеток во 12 часот.
Под мотото „Време е за чист воздух“, организаторите ги повикуваат сите граѓанки и граѓани да излезат за себе, за своите деца, за сите нас што живееме под закрила на енормната загаденост во Скопје.
„Протестот не е политички организиран! Организиран е од мене, од тебе, од твоето дете, од твоите мајка и татко, од сите нас!“, велат организаторите на својот Фејсбук ивент.
Б. Ј.