„ЈП Водовод и канализација“, Скопје започнува со имплементирање на проектот за изградба на станица за третирање отпадни води во град Скопје.
„Oвој проект е од големо значење за градот и ќе обезбеди одржливи услуги за третман на отпадните води за повеќе од 500.000 луѓе, како и усогласеност со директивите на Европската Унија за вода и животна средина и најдобрите меѓународни практики во oваа област“, соопштија вчера од „Водовод“.
Со анексот се одредува временската рамка за преостанатите активности за зголемувањето на грантот за финансирање на Пречистителната станица.
Проектот е почнат од 2014 година, со подготовки за изградба на два базени. Пречистителната станица ја спроведува ресорното министерство, а корисник е Град Скопје, преку ЈП „Водовод и канализација“.