Education Blog
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en
No Result
View All Result
Green CIVIL
No Result
View All Result
Home АКТУЕЛНО

СОНК и КСС: Повисоки плати за наставниците, во спротивно, генерален штрајк

26/01/2019
in АКТУЕЛНО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Конфедерацијата на слободни синдикати и СОНК денеска во Штип на мирен протест, со почеток во 12 часот, ги упатија своите барања до Владата.

,,Денес во Штип вие докажавте дека синдикалната борба во Македонија почнува, вие сте доказ дека синдикат постои и затоа порачуваме од тука што поскоро да излезат со решенија за нашите барања. Ги поканивме претставниците на Владата, ние сме тука , нив повторно ги нема. Ги покачија платите на министрите и пратениците, не најдоа начин за нашите. Бараат реформи за влез во ЕУ и НАТО, па од тука и порачуваме: Стоп за трансфер од јавниот во приватниот сектор. Порачуваме гласно и јасно дека ниту еден наш човек нема да остане без работа. Бараме К-15 и за јавниот сектор… Владата да покаже дека е најдобриот работодавач во државата. Ако не излезат поскоро со решенија за нашите барања ќе ги радикализираме синдикалните движења“, изјави Благоја Ралпковски, претседател на КСС.

Протест на КСС и СОНК, 26 јануари, Штип/ фотографија: С. Живкова

„Нашите плати, за жал, се толку колку што се и со тие 5% што ветуваат дека ќе ни ги дадат ништо не решава во нашиот социјален статус… Колективните договори да се почитуваат во целост… Бараме социјалниот дијалог да се подигне на ниво што доликува на модерни европски синдикати, што за жал, тоа во Македонија го нема. Бараме почитување на актите и законите. Имаме пример, Закон за култура, а нашиот синдикат воопшто не е вклучен. Стоп за трансферот од јавен во приватен сектор. Тоа најмногу ќе ги засегне вработените во образованието. Со оглед на наталитетот и бројот на ученици во паралелките, со оглед на реформите што се предвидуваат во средното образование се очекува голем дел од нашите колеги да останат без часови… Бараме без синдикатот  да не смее ниту една реформа да се спроведе“, изјави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Во однос на исклучувањето од социјален дијалог во областа на културата, СОНК, на 26 декември 2018, упати отворено писмо до јавноста во кое беа поставени неколку прашања до Mинистерството за култура и Синдикатот за култура, СКРМ меѓу кои и прашањето за репрезентативноста на СКРМ. СОНК реагираше Министерството има селективен пристап кон синдикатите, односно во овој случај го фаворизира СКРМ, заборавајки на СОНК како Синдикат кој од секогаш се борел за правата на работниците во културата. На тоа не се согласи СКРМ кој останува како единствен репрезентативен синдикат на културните работници со решение од Министерството за труд и соцлијана политика.

Најголемиот дел од присутните на протестот дојдоа со автобуси од другите градови во Источна Македонија. КСС и СОНК најавија дека доколку не се исполнат нивните барања претстојат нови протести и генерален штрајк.

Симона М. Живкова

Монтажа: Биљана Јордановска

CIVICA
govor
govor
govor
  • Зелен ЦИВИЛ
  • За ЦИВИЛ
  • РЕСУРСИ
  • ИМПРЕСУМ
  • Контакт

© 2022 GREENCIVIL

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • АКТУЕЛНО
  • ЗЕЛЕНИ ПОЛИТИКИ
  • ЕДУКАЦИЈА
  • СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
  • ЕКОЛОГИЈА
  • СТАВ
  • АНАЛИЗИ
  • mk
  • sq
  • en

© 2022 GREENCIVIL

  • mk
  • sq
  • en
✕
Green CIVIL

FREE
VIEW