Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ по барањето средба со премиерот Зоран Заев, во сабота во 11 часот на Попова Шапка, денеска повикаа и на протест, за како што велат, да се стопира уништувањето на овој туристички центар.
„Во сабота, 12 јануари со почеток во 11 часот, ве покануваме да протестираме сите заедно кај Жичарата Тетово – Попова Шапка против уништувањето на овој туристички центар.Туризмот што го имаат Струга и Охрид за три месеци, Тетово требаше да го има за дванаесет месеци. Да се мобилизираме што повеќе, за да ја изразиме нашата подготвеност да побараме одговорност од Владата, за да ги преземе потребните чекори кон трајното решавање на проблемите на Попова Шапка“, велат од иницијативата.
Тие, уште еднаш, побараа премиерот да присуствува во сабота како обичен граѓанин и да се запознае со проблемите со кои се соочува зимскиот туризам во Тетово, но и самиот туристички центар.
Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ побара средба со премиерот Зоран Заев и другите владини претставници кои се задолжени за развојот на зимскиот туризам.