Како што ветија, од „Движењето за чист воздух“ со 15 минутен протест пред депонијата „Дрисла“ ги пренесоа своите барања за што ќе придонесат до санирање на штетите од загадувањето.
Како што истакнаа активистите, нивните барања се однесуваат на промена на правилникот за извршување инспекциски надзор, носење правилници за индустриски емисии и воведување најдобри производствени пракси за тој сектор, како и раскинување на договорот со италијанската фирма-концесионер, поради неисполнување ништо од договореното.
На надлежните им се оставаат 15 дена за реакција, по што од движењето најавуваат блокирање на Град Скопје и тужба.
Д. Темков
Монтажа: Биљана Јордановска