Граѓанска новинарка до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа испрати фотографии од расфрлан отпад покрај кејот на Вардар во Долно Нерези, во близина на трговскиот центар „Сити мол“, во Скопје.
„Имаше невидена количина на ѓубре, не можеше ни да се долови сè на фотографиите. Личеше на мини депонија. Имаше фрлени градежни материјали, врати, машини за перење и многу многу ќеси со ѓубре. Толкава количина смет имаше што не можевме да го продолжиме патот, како препрека беше, цел рид од ѓубре“, вели граѓанската новинарка за ЦИВИЛ.
Случаите во кои граѓанските новинари фотографираат места со „мини депонии“ низ Скопје стануваат сè почести и истите ја покажуваат граѓанската неодговорност и свест за зачувување на животната средина, од која патем и тие самите опстојуваат.
А. П.