Во еден од ретките зелени паркови во Тетово, исечени се дрвјата кои се стари стотици години.
Денеска паркот кај Шарената Џамија беше сосема гол, а тоа се прави во име на некоја нова инвестиција која има за цел да го уреди, но истиот остана без дрвјата. Овој парк беше меѓу ретките надежи за природна борба против загаденоста во градот, кој во последните години е меѓу најзагадените.
Алијанса на Албанците реагираше обвинувајќи ја градоначалничката Теута Арифи, чија куќа е само неколку метри до паркот.
“И тој единствен парк кој го имавме во градот се уништува. Во име на уредување на паркот се сечат дрвја стари стотина години. Чудесно, домот на градоначалничката е само на 10 метри оттаму, но таа очигледно не го гледа бидејќи претежно живее во Скопје“, се вели во соопштението на Алијансата на Албанците.
Арбен Зеќири