Центарот за современ уметности во рамки на проектот „Креативни заедници“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, спроведе герила – акција во 200 депонии низ државата кои ги прогласи за „автентично културно наследство“.
Според информациите од ЦСУ во земјата има преку 300 депонии и над 1500 диви селски депонии и буништа. Како најзагрозени региони ЦСУ ги посчи Полошкиот, Скопскиот и Кумановскиот регион. Оние „најубавите“, поради својот развој и богатство од отпад добија и пригодни табли на кои се прогласуваат за национално културно богатство.
Како што велат од ЦСУ, маркирани се 30 ѓубришта и депонии низ земјата. Најголемото ѓубриште е долго 30 километри од Гостивар од Јегуновце по течението на реката Вардар.
Б. Ј.